Во далечната 1998 година Кралот Чарлс Трети, но како Принц од Велс, престојуваше во дводневна официјална посета на Македонија на 8 и 9 ноември при што ги посети Скопје и Охрид.
Тој на 9. ноември се сретна со македонските претприемачи при што оствари плодна дискусија со основачот на Слаткарница ЗАФИР Марија Зафировска на нашиот штанд имаше можност да ги дегустира производите од ЗАФИР како и да се запознае со вредностите и визијата на нашиот семеен бренд.
Горди сме што нашиот бренд го привлече вниманието на Британскиот престолонаследник во далечната 1998 година, што му се допаднаа нашите производи и што одвои голем дел од своетно време да научи повеќе за Слаткарница Зафир и за нашите вредности.
Претходниот ден на 8 ноември тој се сретна со тогашниот македонски претседател Киро Глигоров и со министерот за надворешни работи Благој Ханџиски, исто така положи венец на воените гробишта во Скопје каде се погребани британските војници загинати во текот на Првата светска војна.
Британскиот престолонаследник ги испочитува и двете најголеми верски заедници во државата, присуствувајќи на панихидата за загинатите војници со која чиноначалствуваше владиката Агатангел, а присуствуваше и на молитва во Алипашината џамија во Охрид.
И покрај набиената политичка агенда, која вклучуваше и посета на редакцијата на Би Би Си на македонски јазик и посета на Македонската берза и средба со тогашниот директор Евгенија Зографски, тој дента замина и во Охрид каде меѓудругото го посети локалниот пазар и според фотографиите, мирисаше ливчиња од планински чај и разговараше со продавачите на пазарот. На една од повпечатлите фотографии од тоа време се гледа идниот британски престолонаследник како гледа во купот зелки и како земјоделците му се жалат за цената на нивниот производ.
Кралот Чарлс Трети, но како Принц од Велс уживаше во производите од ЗАФИР во 1998 година