Покрај спектакуларна роденденска торта од ЗАФИР која е заштитен знак на секој роденден, подеднакво е важно роденденот да биде забавен за славеникот и за гостите. Погледнете како можете да ја комплетирате роденденската забава со интересни детски игри.
За роденденската прослава да биде исполнета со смеа и радост, обидете се да направите план за забава за малите гости. Понекогаш на децата им треба аниматор кој ќе ги води и ќе им даде идеја да си играат. Еве неколку предлози од ЗАФИР за игри за најмалите кои секоја роденденска забава ќе ја направат незаборавна.
Предлози од ЗАФИР за весела роденденска забава за деца која дефинитивно сите ќе ја помните
Музички статуи на роденден
Пуштете музика и анимирајте ги децата да танцуваат. Кога музиката ќе престане да свири, сите мора да престанат – да се замрзнат. Организирајте ја играта така што по секои пет пати пуштање музика, да се избере победникот (оној што најбрзо ќе престане да танцува) и да освои симболична наградата.
Додај топка на роденден
Наредете ги децата во круг, дајте им една топка и оставете ја музиката да свири. Задачата е децата да си ја подаваат топката во круг. Кога музиката ќе престане да свири, детето кое ја има топката во рака го напушта кругот и ја зема наградата, на пр. мини чоколадна лента. Како што кругот се намалува, играта станува побрза и подинамична и до крајот на играта секој добива награда.Во оваа игра сите се победници!
Скриено богатство на роденден
Завиткајте помали играчки или слатки во украсна хартија и скријте ги низ куќата или дворот. Дајте им на децата задача да го пронајдат скриеното богатство, а секој што ќе го најде богатството, секако може да го чува за себе!
Волшебна чанта на роденден
Ставете играчки и разни предмети во голема шарена чанта. Ставете му превез на детето и дајте му од торба да извади еден предмет, па нека се обиде да погоди што има во раката без да го види предметот туку само со допир.
Кула од лименки на роденден
Ставете ги празните лименки една врз друга. Дајте им ја топката на децата и оставете ги да се обидат да ги срушат сите конзерви. Во еден обид секој има право на три истрели!
Топка во лажица на роденден
Се што ви треба за оваа игра е лажица и тениско топче или било какво топче што имате во домот! Оставете ги децата да се натпреваруваат кој може побрзо да стигне до целта со носење на топката во лажицата без да падне.
Куглање на роденден
Наполнете ги пластичните шишиња со малку вода за да ги направите постабилни и наредете ги како чунови за куглање. Целта на играта е да се срушат сите шишиња со тркалачка топка. Во еден обид секој има право на три истрели!
Корпа – Кош забава на роденден
Наредете неколку кофи со различни големини една до друга како да се кошеви за да можат децата да фрлаат со топки. Во зависност од тоа во која корпа ќе погодат децата, тие освојуваат повеќе или помалку поени. Поголема кофа носи помалку, а помала кофа носи повеќе поени.
Танц со балон на роденден
Пуштете музика и нека танцуваат децата во парови држејќи го балонот допрен помеѓу нивните глави, внимавајќи да не испадне. Парот на кој балонот ќе му испадне веднаш се исфрла од игра.
Секоја од овие игри ќе измами насмевки на детските лица и забавата ќе ја паметат долго време и ќе ја прераскажуваат! Сега која веќе знаете како да го направите роденденот забавен, време е да побарате понуда за роденденска торта од ЗАФИР. Со над 3.000.000 направени торти, тимот на ЗАФИР е прв избор за роденденденски торти во нашата држава. Побарајте понуда преку нашата онлајн форма во продолжение.
Забавни игри за детски роденден на вашите најмили | Зафир совети

ПОБАРАЈ ПОНУДА ЗА ТОРТА