Прв избор за торти во Македонија!

Лојална Програма од Зафир за онлајн продажба

Решивме нашите лојални потрошувачи да ги наградиме со дополнителни попусти и промоции. Поради тоа воведуваме лојална програма која важи исклучиво за онлајн плаќања преку нашиот веб сајт за одредени или за сите производи во зависност од моменталната промотивна понуда.

Како функционира нашата лојална програма?

Дел од нашите производи кои што можат да се платат преку нашиот веб сајт, со нивно купување носат одреден број на таканаречени ЗАФИР ПАРИЧКИ. За еден купувач да собира ЗАФИР ПАРИЧКИ, треба при онлајн плаќање на нашиот вебсајт да креира профил и секогаш кога ќе купува преку нашиот веб сајт, најавен со тој профил, доколку производите кои што ги купува носат ЗАФИР ПАРИЧКИ, тие парички ќе му се собираат на неговата корисничка сметка – профил. При секое идно купување во процесот на плаќање доколку се исполнети условите за користење на неговите ЗАФИР ПАРИЧКИ, на страната за плаќање ќе му биде понудено да ги искористи неговите парички за попуст на цената која треба да ја плати.

Во моментот со купување на некој производ кој е вклучен во лојалната програма, за секој потрошен 1 денар вие добивате 1 ЗАФИР ПАРИЧКА. Кога ќе решите да ги искористите вашите ЗАФИР ПАРИЧКИ за попуст, тогаш за секои 100 ЗАФИР ПАРИЧКИ добивате 5 денари попуст. Значи ако потрошите 1000ден во нашиот e-shop, добивате 1000 ЗАФИР ПАРИЧКИ кои ви носат 50 денари попуст на следното купување. Максимален попуст што можете да искористите на еден производ е 50% од неговата цена. ЗАФИР ПАРИЧКИТЕ се валидни 6 месеци од нивното добивање. При пресметка на попуст, нашиот програм секогаш заокружува на 1 денар помалку, кога се работи за децимален број.

Што е важно да се знае за нашата лојална програма?

  1. ЗАФИР ПАРИЧКИ се добиваат со купување на одредени производи или на сите производи во зависност од нашата промоција во моментот на купување.
  2. ЗАФИР ПАРИЧКИ имаат важност од 6 месеци, сметано од денот на добивање и потоа се губат.
  3. ЗАФИР ПАРИЧКИ овозможуваат различни попусти на различни производи во зависност од нашата промоција.
  4. Вредноста на ЗАФИР ПАРИЧКИТЕ во однос на цената на производот е променлива и зависи од тековните промоции.
  5. Можете да искористите најмногу 50% попуст на некои производи со користење на ЗАФИР ПАРИЧКИ, во зависност од промоцијата.
  6. Слаткарница Зафир го задржува правото да ги менува правилата во лојалната програма, без да ги известува нејзините потрошувачи.
  7. Бројот на ЗАФИР ПАРИЧКИ, регистрираните корисници на нашиот веб сајт, можат да го проверат во секое време во делот ПРОФИЛ, во табот ЗАФИР ПАРИЧКИ.

Регистрирајте се на нашиот вебсајт и станете дел од нашата лојална програма, добивајте промоции и попусти.

Updating…
  • Нема производи во кошничка