Прв избор за торти во Македонија!

Професионална опрема за слаткарници

Слаткарница Зафир е овластен застапник за Македонија на производите на компанијата Alcas од Италија, која изработува пластична амбалажа за производи, како и за професионална опрема за ладење од компанијата LDF Longoni од Италија.

Професионална пластична амбалажа

Компанијата Alcas од Италија e oснована во раните 60-ти години. Континуираниот развој на производните линии и точниот избор на суровини им овозможи на Alcas да имаат достапни производи со најдобар квалитет. Alcas успеа да се квалификува како една од најиновативните светски компании од оваа област со 225 странски дистрибутери и над 5 национални клиенти.

Професионална опрема за ладење

LDF Longoni e компанија која е лидер на пазарот на професионална опрема за ладење уште од 1983 година, нудејќи врвна технологија и елегантен дизајн. Во изминатите 30 години компанијата ја прошири својата дејност, станувајќи лидер во областа на дизајнирање, производство и продажба на професионална опрема за ладење во Италија и во светот.

Повеќе од 200 модели

Искуството во комбинација со постојано истражување и усовршување им овозможи да создадат иновативни производи кои ги задоволуваат потребите на секој клиент со специјализирани решенија и со повеќе од 200 модели на професионална опрема за ладење, како што се:кабинети со ладилник за прикажување производи до фрижидери, од плакари за прикажување сладолед до специфични производи за чување вина и лекови и други намени.

Updating…
  • Нема производи во кошничка