Бидејќи денес живееме во брзо и турбулентно окружување,треба да ја искористиме секоја прилика за славење и дружење, а особено во оние моменти кои се случуваат само неколку пати во животот. Токму во тие моменти можеме да вметнеме и слатки елементи кои тој ден ќе ни го направат поубав и повкусен. Претпоставувате за што станува збор,нели?!
Станува збор за торта која ни го открива полот на нероденото бебе и во последните години е вистински хит во светот, што значи дека наскоро ќе стане популарен тренд и кај нас!
Не станува збор за некаква магична торта, ниту пак за нов вид на суевери, како што можеби претпоставувате. За што всушност се работи?
Идните родители одат на лекар на редовен ултразвучен преглед, но бараат од докторот да не им го кажува полот на детето, туку да го запише на хартија и да го затвори во плик. Потоа одат во слаткарница, нарачуваат торта и го даваат пликот таму. Слаткарницата им прави торта, која однадвор не открива ништо, туку внатре има фил или тесто во розова или сина боја, во зависност од полот на детето. Пресекувањето на првото парче торта им открива на идните родители кој пол е нивното бебе! Прекрасно нели?!
Многу парови веќе го прифатија овој забавен тренд и прават забави, каде сечењето на тортата е главниот настан. Така идните родители на „посладок“ начин и во друштво на роднини и пријатели го дознаваат полот на детето.
Се организираат вистински тематски прослави со декорација и секакви детали во розова и сина боја. На пример, гостите на почетокот на прославата ќе можат да изберат дали ќе припаѓаат на синиот или розев тим, се делат беџови или други детали во таа боја,се организира гласање и типување за полот на детето и уште многу други креативни и забавни игри кои идните родители ги смислуваат.
Некои парови одат и чекор подалеку па најмуваат и професионални организатори за забави, па прославите за откривање на полот на бебето почнуваат да изгледаат се позабавно и оригинално. Секако можете да експериментирате и со други бои не само со сината и розовата.
Ве охрабруваме идни родители да го испробате овој нов тренд и на весел и уникатен начин да го откриете полот пред вашите најблиски и сите заедно да прославите тој убав момент заедно со вкусна торта за крај!
Слаткарница Зафир е тука да ја подготви ова уникатна торта за вас.
Сладок начин како да го дознаете полот на детето

ПОБАРАЈTE ПОНУДА ЗА ТОРТА