Како и секогаш, и оваа година ЗАФИР ги носи слаткарските трендови во Македонија. Помеѓу главните трендови за свадбени торти во 2024 година ги издвојуваме:
Торти во облик на срце
Торти со флорални елементи
Торти со ленти и панделки
Тонирани торти со текстура
Екстра-големи торти
Торти на едно ниво
Торти со уникатни вкусови
Торти во облик на срце
Овој симпатичен тренд на свадбени торти навистина никогаш не може да ни здосади и се почесто се забележува на социјалните мрежи. Свадбените торти во форма на срце се секогаш со интересни детали и специфични украси, на кои не може да им се одолее. Вообичаено се украсени во нежни пастелни бои како светло розова, виолетова, жолта, зелена или сина, а често се надополнуваат со светло црвени детали кои го комплетираат нивниот изглед. Ако сеуште не сте сигурни дека сакате да го испробате овој тренд за денот на вашата свадба, може да ви кажеме дека тортите во форма на срце се исто популарни и за свршувачка, за моминска вечер, и за Валентајн.
Торти со флорални елементи
Свадбена торта со свежи цветови или цветни детали, ќе речете ништо спектакуларно. Но, навистина, во 2024 година, цветовите ќе ги красат тортите на многу нови начини, со повпечатливи стилови, апстрактни елементи или целосно органски изглед, повеќе од кога било досега во минатото. Покрај прецизно поставени цветни декорации кои каскадно се протегаат низ нивоата на тортата, цветните декорации се почесто ќе се поставуваат на начин како да никнале директно од тортата. Останува да видиме какви се уметнички дела ќе создадат нашите слаткари со цветни декорации и други флорални елементи кои дефинитивно ќе бидат уште повеќе застапени во периодот што следи.
Торти со ленти и панделки
Слатките машнички веќе се тренд во свадбената мода како додатоци за коса, а дефинитивно ќе ги гледаме се почесто и на свадбените торти во 2024 година. Овој тренд претставува враќање на изгледот на свадбените торти од подамнешните времиња, а денешната модерна верзија совршено се усогласува со естетиката на некогашните свечени балови. Очекувајте да видите панделки и машни на торти во сите големини и форми, од вистински панделки до шеќерни машнички направени од фондан, со глазура или изработени во друга креативна техника. Изберете го овој интересен концепт за декорација со стил и нема да треба да додавате уште многу други украси на вашата торта. Не заборавајте дека вашите панделки на тортата можат да бидат усогласени со панделката на вашата коса или останатите панделки во салата кои служат за декорирање на просторот.
Тонирани торти со текстура
Ако сте за луксуз со префинет стил, тогаш дефинитивно ќе изберете тонирана торта со елегантна текстура. Премостувајќи го јазот помеѓу едноставните свадбени торти и уметничките креации со многу специфични детали, монохроматските торти со текстура ви го обезбедуваат најдоброто од двата света. Целосно белата или светла палета на бои можеби го поедноставува изгледот на тортата, но ако добро погледнете, деталите ја прават да биде подеднакво впечатлива и убава како и другите стилови за декорација.
Екстра-големи торти
Сега кога големите свадби се вратија во полн ек, тортите мора да бидат подеднакво големи и впечатливи. Впрочем, што е забава без голема торта? Тортите сеуште се во центарот на вниманието на свадбените веселби, а во 2024 година тоа ќе биде уште по изразено. Екстра-големите торти (се мисли на шест и седум нивоа или повеќе) ќе се издигнуваат над масите, создавајќи фокусна точка за внимание, ќе ги собираат сите погледи и ќе бидат омилена тема за фотографирање заедно со невестата. Да не заборавиме дека големината на торта е само почеток – раскошните украси и додатоци ќе го издигнат грандиозното уживање на едно повисоко ниво. Многу цвеќиња и украсни елементи ќе ги опкружуваат големите торти, но ќе ја опкружуваат и масата со цел да се создаде чувство дека тортите се повеќе се дел од украсениот амбиент во форма на уметнички дела отколку како десерт за гостите после свадбената вечера.
Торти на едно ниво
Ако сте за нешто класично, размислете да изберете хоризонтална торта на едно ниво. Тоа што тортата ќе биде хоризонтално поставена на едно ниво, не значи дека ќе биде помалку украсена или поедноставна од вертикално поставените торти на повеќе спратови. И оваа торта може да изобилува со различни детали, впечатливи бои и структури убаво распоредени од вештите мајстори на нашите слаткари.
Торти со уникатни несекојдневни вкусови
Ако сметате дека борбата е само помеѓу стиловите и тоа како ќе изгледат тортата сте се излажале, се повеќе ќе се експериментира и со различни вкусов и структури за свадбената торта што навистина ќе биде изразено во 2024 година. Се повеќе ќе бидат застапени овошните вкусеви, различни ароми и други егзотични понуди во зависност од тоа што ќе спремат нашите вешти слаткари.
Секако без разлика на трендовите, потребни ви се вешти мајстори за торта кои во овие за вас најзначајни моменти од животот, ќе ви помогнат Вашата свадбена торта, покрај тоа што ќе биде врвно изработена според најновите свадбени трендови, да биде подеднакво вкусна и да ги надмине Вашите очекувања и очекувањата на вашите гости. Затоа дозволете тимот на ЗАФИР кој има изработено над 3 милиони торти да се погрижи за Вашата свадбена торта. Побарајте понуда преку нашата онлајн контакт форма и ќе добиете одговор за 24 часа.
Трендови на свадбени торти во 2024 година

ПОБАРАЈ ПОНУДА ЗА ТОРТА