Историја на задоволството наречено милкшејк Терминот „милкшејк“ првпат се појавил во печатено издание во 1885 година и во тоа време се однесувал на пијалок за возрасни кој содржел јајца и виски. Но, до почетокот на 1900-тите, милкшејковите почнаа да се продаваат како пијалоци направени од сладолед и чоколадо, јагоди или сируп од ванила.
Пред широката достапност на електричните блендери, млечните шејкови рачно се правеа како мешавина од скршен мраз и млеко, шеќер и ароми. Во 1911 година, Hamilton Beach го измислил миксерот за пијалоци, кој наскоро станал главен производ за широка употреба. Со пронаоѓањето на електричниот блендер во 1922 година, милкшејковите станаа уште попопуларни и за многу брзо време секој ресторан во своето мени ги додаде милкшејковите.
Во 1949 година беа воведени како пијалоци и во местата за брза храна. Од витално значење беше откривањето на сламките и нивно патентирање во 1937 година од Joseph Friedman, кој откако ја препознал тешкотијата на пиењето милкшејк директно од чаша пронашол начин тоа искуство да го подобри и направи забавно. За брзо време токму сламките во различни бои станаа заштитен знак на сите милкшејкови.
Денес овие слатки и освежителни напитоци со различни вкусови станаа тренд помеѓу сите генерации.
Ние во ЗАФИР сме познати по уникатни коктел напитоци со широка лепеза на вкусеви.
Повелете во нашата слаткарница во Куманово и ужувајте.
Историја на задоволството наречено милкшејк