Слаткарница ЗАФИР (ЗАФИР КОМЕРЦ) и уште девет компании го добија престижното ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ, што традиционално, секоја година го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија. Под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски, во претседателската резиденција беа доделени признанијата на компании кои придонесуваат за развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и надвор.
“Јас лично можам да посведочам за квалитетот на производите на ЗАФИР” – Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија
„Се радувам што и оваа година избраните компании, кои се од различни области, се стремат кон општествена одговорност, технолошко унапредување и воведување на иновации во својата област, а при тоа не забораваат да ја чуваат и промовираат македонската традиција“, истакна претседателот Пендаровски.
Како претставник на ЗАФИР признанието го прими нашиот управител Горан Зафировски кој од името на целиот тим се заблагодари за оваа голема чест, истакнувајќи дека за оваа признание најзаслужни се неговите родители кои пред скоро три децении ги поставија вредностите на ЗАФИР, а токму тие вредности се темел на квалитетот на ЗАФИР и мотивација за третата генерација во семејството да ја продолжи оваа успешна и инспиративна приказна.
Претседателот Пендаровски порача дека оваа година признанието за македонски квалитет има посебна тежина поради напорите на компаниите за зачувување на вработените и задржување на квалитетот на производите и услугите.
Овој настан е одличен пример за оддавање на признание на македонските бренд амбасадори кои успеале да продолжат да делуваат и да се залагаат за подобра национална економија и покрај многубројните предизвици со кои сите се соочуваат во 2020 година, а особено со предизвикот КОВИД-19.
Слаткарница ЗАФИР во 2020 година покрај сите предизвици, доследно се грижеше за своите вработени и своите клиенти во овие специфични и тешки услови, ги презема сите мерки за заштита на вработените и клиентите уште од самиот почеток на пандемијата, ги стопираше сите деловни активности во критичниот период, беше предводник на кампањата за одложување на сите семејни прослави и настани со цел спречување на ширење на пандемијата, а при тоа продолжи технолошки да инвестира во сопствениот развој и континуирано да го подобрува својот квалитет.
Особено ни е драго што тоа беше препознаено од нашите клиенти и пошироката јавност.
Целата историја на нашата компанија можете да ја прочитате тука.
Слаткарница ЗАФИР добитник на престижно признание за македонски квалитет