Согласно настанатата ситуација со корона вирусот во нашата земја, менаџментот на нашата компанија имаше состанок и ги утврдивме следните активности и мерки за превенција од корона вирус со кои сакаме да ги заштитиме нашите вработени и нашите клиенти:
Соглансо препораките на Владата на РСМ, ги затворивме привремено нашите Слаткарници во Скопје и Куманово, а воедно нема да примаме и нарачки со преземање за целосно да ги заштитиме клиентите и вработените.
Го прекинавме нашето производство и прекинуваме со достава на декоративни торти се додека трае ризикот од ширење на корона вирус на територија на цела држава за да ги заштитиме вработените и клиентите.
Започнуваме со активна кампања на социјални мрежи со цел да ги стимулираме сите да ги откажат своите веселби и со тоа да ги заштитат најблиските, при што воедно вклучивме и други корисни препораки за превенција во овој тежок период.
Воведуваме мерка за враќање на парите или пренаменување на истите за сите кои веќе нарачале торта од ЗАФИР и се подготвени да ја откажат истата во функција на превенција на своите блиски од корона вирус.
Ги стопираме онлајн нарачките во нашата интернет продавница, за да ги заштитиме вработените и клиентите.
Го редуциравме доставувањето на торти во маркети со интензитет од еднаш во неделата со цел да ги заштитиме и нашите партнери, вработените и клиентите, а за доставите ги информирам потрошувачите преку социјални мрежи.
Како општествено одговорна компанија, самоиницијативно, во координација со Црвен Крст, ги преземавме и следниве општествено одговорни активности:
Донираме торти и колачи од ЗАФИР за поддршка на медицинските работници во ЈЗУ Општа болница Куманово, како и во други медицински установи во повеќе градови низ државата.
Донираме торти и колачи од ЗАФИР за поддршка на волонтерите од дежурните мобилни тимови на Црвен Крст достапни за помош на сите лица на кои во моментот им е потребна помош.
Донираме торти и колачи од ЗАФИР за бездомните лица.
Согласно нашите мерки и активности, продолжуваме да делуваме одговорно и апелираме до сите поединци и правни субјекти: здравјето и заштитата на нашите најблиски, нашите вработени, нашите ценети потрошувачи и општото здравје на сите е најважно и буквално пред се, затоа да се придржуваме кон сите мерки и препораки и да превеземеме се што е во наша моќ да го спречиме ширењето на овој опасен вирус.
Соопштение за активности, мерки и делување на Зафир согласно настанатата ситуација со корона вирус
Согласно настанатата ситуација со корона вирусот во нашата земја, менаџментот на нашата компанија имаше состанок и ги утврдивме следните активности и мерки за превенција од корона вирус со кои сакаме да ги заштитиме нашите вработени и нашите клиенти:
Како општествено одговорна компанија, самоиницијативно, во координација со Црвен Крст, ги преземавме и следниве општествено одговорни активности:
Согласно нашите мерки и активности, продолжуваме да делуваме одговорно и апелираме до сите поединци и правни субјекти: здравјето и заштитата на нашите најблиски, нашите вработени, нашите ценети потрошувачи и општото здравје на сите е најважно и буквално пред се, затоа да се придржуваме кон сите мерки и препораки и да превеземеме се што е во наша моќ да го спречиме ширењето на овој опасен вирус.
ОСТАНЕТЕ ДОМА И БИДЕТЕ ЗДРАВИ!
Со почит,
Тимот на ЗАФИР