Дефинитивно во светот веќе сите преферираат Artisan Gelato наместо класичен сладолед и тоа станува се повеќе стандард отколку тренд. Како доминантни на пазарот, кои ги поставуват трендовите во оваа индустрија веќе подолго време се производителите на вистинско италијанско Artisan Gelato. Од година во година, како во секоја индустријa и во овој сегмент, желбите и вкусовите на љубителите на Gelato се менуваат, а се менува и понудата на пазарот. Во оваа година, а и во годините што следат дефинитивно се издвојуваат неколку трендови кои што би сакале да ги истакнеме:
GELATO кое опушта
Новиот тренд на Relaxing Gelato нуди ново искуство во уживање во Artisan Gelato: цвеќињата, корените, чаевите и билките се комбинираат во хармоничен вкус на Gelato за да гo освојат умот и телото. Овој вид на иновативен и свеж Gelato e дефинитивно ориентиран кон природата и благосостојбата, токму затоа е многу популарен, а неговата популарност помеѓу љубителите на Gelato допрва ќе се зголемува.
Природно овошно Gelato кое содржи над 70% чисто овошје
Овошните вкусеви секогаш биле популарни и за стандардниот сладолед и за Artisan Gelato, но со време, луѓето се повеќе обрнуваат внимание на составот на тоа што го консумираат, не само на вкусот. Затоа кога станува збор за освежително овошно Gelato новите трендови на пазарот и желбите на клиентите налагаат во составот да доминира вистинско овошје дури до 70%, што вкусот го прави навистина природен, освежителен и богат. Овој вид на Gelato покрај директна консумација, често се користи и како додаток во коктели, смути и ледени торти.
Веган Gelato
Како начин на живот, веганизмот гиотфрла сите форми на експлоатација и суровост кон животните и промовира почитување на која било форма на живот. Што се однесува до диетата, веганизмот поттикнува потрошувачка на растителни производи и конкретно исклучува какво било месо, риба, живина, јајца, мед, млеко и други деривати. Треба да се истакне дека многу вкусови на Gelato се вегански по дефиниција, бидејќи не содржат некои од споменатите состојки, но ова не значи дека секое овошно Gelato е веганско, затоа овој нов тренд се појави да ги потврди и истакне веганските вкусови и веганите како значаен сегмент на пазарот.
Чисти и јасни вкусови
Веќе не се популарни вкусовите кои се мешавина од разни додатоци и текстури, се повеќе се оди на префинет и диференциран вкус, со различни ноти, кои му дават можност на дегустаторот да ја избере нијансата на вкус во која најмногу ужива. Затоа на пример можете да сретнете за љубителите на чоколадо на пример и по 5-6 различни понуди на чоколадно Gelato, кое ќе се разликува по видот на чоколадо, аромата, вкусот како и неговото потекло.
Power Protein Gelato
Gelato кое е збогатено со протеини совршено се вклопува во дневниот распоред на спортистите, бодибилдерите и сите оние кои имаат потреба да внесуваат поголема количина на протеини на дневна основа, бидејќи покрај тоа што ќе ги освежи, тоа ќе им помогне да ги внесат посакуваните калории и посакуваната количина на протеини во текот на денот.
Ние во ЗАФИР секогаш сме во чекор со трендовите во слаткарската индустрија и затоа кај нас можете да се освежите со оригинално Artisan Gelato и да бидете во тек со сите трендови и новитети кои ги носи оваа индустрија. Повелете во нашите слаткарници во Скопје и Куманово и освежете се со некој од понудените вкусови за оваа лето.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ на нашиот вебсајт, следи ги сите трендови во слаткарската индустрија и стани дел нашата лојална програма со промоции и попусти!
Artisan Gelato трендови во 2021 – Kако да се разладите оваа лето?