Следејќи ги трендовите од последните неколку години, можеме да заклучиме дека трендовите на свадбените торти во 2023 година дефинитивно се враќаат, но со уште по креативни концепти за декорација на торта. Новите брачни парови се повеќе и повеќе се трудат да ја претворат својата свадбена торта во сопствен начин за изразување, уметничко дело и гастрономско искуство за испраќање порака до гостите на свадбената веселба, начин на комуникација со нивнот круг на роднини и пријатели, секојдневно воодушевувајќи не со се по креативни барања и идеи.
Свадбената торта не е само десерт за сервирање по вечерата – тоа е одличен момент за натпревар за внимание, дополнување на свадбениот декор и целокупното искуство на гостите. Да не заборавиме дека по невестинскиот фустан, свадбената торта е она што најмногу се помни и се коментира на свадбената веселба, останувајќи во сеќавање на гостите во периодот што следи.
Трендовите на свадбени торти за 2023 година се доказ дека новите генерации на парови се за рушење на стереотипите и на старите навики. Од шарени и футуристички адаптации на торти инспирирани од различни настани и теми до неочекувани цветни детали, уникатни структурни елементи и текстури, испреплетени со нови храбри идеи и барања за дизајн ќе не следат и оваа 2023 година.
Галерија на торти
This error message is only visible to WordPress admins
Error: Invalid Feed ID.
Зафир ги издвојува трендовите за свадбени торти кои ќе ја обележат 2023 година:
Свадбени торти со различни нивоа
Свадбени торти со спирална декорација
Свадбени торти инспирирани од невестински фустан
Ламберт Свадбени торти
Свадбени торти со многу текстура
Свадбени торти со втиснати цветни елементи
Многу големи Свадбени торти
Свадбени торти со различни нивоа
Во 2023 година, дизајните на свадбената торта нема да се фокусираат само на вкусот на тортата или бојата на декорацијата – поголем акцент ќе биде ставен на други видови украсни и неочекувани детали кои ќе ја сочинуваат декорацијата. Елементи како проѕирни акрилни сепаратори, скриените држачи кои даваат илузија на лебдење и други креативни идеи се забавен начин да се направи тортата да се истакне и да биде во центар на вниманието. Користењето на нетрадиционални држачи за торта, впечатливо одвојувањето на нивоата со дизајн или додавањето на други 3D реквизити ќе и даде на вашата торта современ, архитектонски изглед кој е во контраст со поконвенционалните начини на декорација и претставување.
Свадбени торти со спирална декорација
Сигурно досега сте виделе свадбени торти украсени со каскадни цветни детали, но трендот на свадбени торти во 2023 година го носи овој концепт на едно сосема ново ниво. Свежо и традиционално цвеќе на тортата е прекрасно, но се почесто ќе гледаме повеќе дизајни кои се фокусираат на сложена изработка на шеќерни декорации или фондан цветови со комплексни структури и многу детали.
Детали како што се извртени шеќерни нишки, структурни букети и рачно изработени цветни 3D форми ќе ги обвиваат свадбените торти со спирален ефект. Крајниот резултат на овој пристап на декорација дава чувство на движње, магично случување или романтичен момент.

Ако повеќе сакате класична свадбена торта, а сепак сакате да ги следите трендовите и да бидете уникатни, тогаш ви препорачуваме свадбена торта инспирирана од невестинскиот фустан. Овој тренд е актуелен во изминатите години и сеуште останува застапен помеѓу паровите. Вклучува украси, текстури и детали кои се застапени на невестинскиот фустан и е совршен начин за баланс и хармонија, особено ако биде ускладен и со декорацијата на ентериерот во салата.
Ламберт Свадбени торти
Овој симпатичен тренд на свадбена торта кој можеби веќе сте го забележале како почесто се појавува додека поминувате време на вашите социјалните мрежи. Тортата Ламбет, која датира од почетокот на 20 век, е традиционален британски тип на торта украсена со нежни елементи, розети од шлаг и други раскошни цветови, изработени вообичаено во пастелна палета на бои од розова, виолетова, жолта, зелена или сина – надополнети со светло црвени цреши кои го комплетираат нивниот изглед. Дизајнирани во класични тркалезни форми или разиграни форми на срце, Ламбет тортите се шармантни ремек дела чии завршни детали кажуваат многу за Вашиот префинет вкус.
Свадбени торти со многу текстура
Овој шик тренд на свадбена торта за 2023 година ќе ви го привлече вниманието ако сте за минималистички дизајни инспирирани од уметноста. Премостувајќи го јазот помеѓу супер едноставните свадбени торти и високото ниво на детали, монохроматските торти со текстура ви ја даваат најдобрата комбинација од двата света. Поедноставената палета на бои го намалува целокупниот изглед на тортата, но зголемениот број на детали ја прават впечатлива и во тренд. Ова вклучува декорации со уметнички потезите со четки, калпи за текстура и други алати, дизајни во форма на збрчкана хартија и други 3D форми кои се повеќе се застапени во декорација на свадбените торти.

Трендот на користење на сушено или втиснато цвеќе во свадбените торти се повеќе се повторува. Големите цветови секогаш ќе бидат застапени на тортата, но малите пресувани цветови и други цветни елементи, правилно комбинирани даваат навистина тополи и впечатливи дизајни кои дефинитивно го привлекуваат и вниманието и симпатиите на гостите на свадбената веселба.
Овој начин на декорација е совршен кога се работи за свадба во градина или релаксирана прослава на отворено, и се препорачува за парови со префинет вкус, кои не сакаат да имаат претерано декорирана торта, а сепак сакаат да остават впечаток на гостите.
Многу големи Свадбени торти
Популарното враќање на традиционалните, повеќеслојни големи свадбени торти во 2023 година сигурно е поврзано со тоа што сите настани беа ставени во мирување во последните неколку години поради ковид кризата. Сега кога големите свадби се вратија во полн сјај, и тортите мора да доминараат на прославите. На крајот на краиштата, што е голема забава без голема торта? Екстра високите торти со 6,7,8 и повеќе нивоа ќе се издигнат над свадбените маси, создавајќи фокусна точка на вашето место и ви даваат одлична можност за фотографирање при сечење торта, момент кој никого нема да остави рамнодушен.
Очекувајте да ги видите овие масивни торти украсени со гламурозни украси, како шеќерни цветови, прилагодени форми и текстури, како и фенси детали на секоја свадбена веселба каде што младите ќе можат да си го дозволат тоа. Таква доминантна и голема свадбена торта дефинитивно ќе остави белег на свадбената веселба, на фотографиите, видеата и секако на гостите, кои долго ќе зборуваат за неа.
Секако без разлика на трендовите, потребни ви се вешти мајстори за торта кои во овие за вас најзначајни моменти од животот, ќе ви помогнат Вашата свадбена торта, покрај тоа што ќе биде врвно изработена според најновите свадбени трендови, да биде подеднакво вкусна и да ги надмине Вашите очекувања и очекувањата на вашите гости. Затоа дозволете тимот на ЗАФИР кој има изработено над 3 милиони торти да се погрижи за Вашата свадбена торта. Побарајте понуда преку нашата онлајн контакт форма и ќе добиете одговор за 24 часа.
Трендови на свадбени торти во 2023 година

ПОБАРАЈ ПОНУДА ЗА ТОРТА