После изгледот на невестата, свадбената торта е наjважниот дел од свадбената веселба.
Кога станува збор за бракот и свадбата, се се сведува на донесување на одлуки. Првата одлука е секако дали сакате да стапите во брак со избраниот партнер. Надоврзувајќи се на тоа следат повеќе одлуки за тоа како да ги соберете сите почитувани роднини и пријатели на Вашата свадбена веселба и како да им приредите уникатно искуство кое ќе се памети.
Тука се појавуваат повеќе логични прашања кои ќе си ги поставите:
DJ, рок бенд, латино или традиционална музика?
Фотограф, Камерман, Фото-Дрон, Фотосесија?
Свадба на отворено, под шатор или во ресторан?
Број на гости?
Мени за вечера?
Дали да ги поканиме роднините што не сме ги виделе уште од кога сме имале 5 години?
Сите работи се важни да ги земете во предвид, но на крајот НАЈВАЖНАТА РАБОТА Е СВАДБЕНАТА ТОРТА – ВКУСНА И ПРЕКРАСНА СВАДБЕНА ТОРТА!
Ќе се запрашате зошто? – Одговорот е едноставен. Изгледот на невестата и првиот танц е тоа што го остава првиот впечаток за една свадбена веселба, но она што се памети, секогаш е последниот момент, кога сите ја исчекуваат тортата, да ја видат и да ја пробаат, да направат слики и да даваат коментари за неа. Тоа е моментот кој што гостите најчесто го носат дома со нив, како последен впечаток од свадбата. На сите ни е добро познат муабетот – Да дојде тортата, да ја пробаме и ќе си одиме 🙂
Можете да изберете одличен ресторан, прекрасен фустан, забавна музика, вкусно мени, но ако на крајот свадбената торта не ги надмине сите очекувања со својот изглед и најбитно со својот вкус, тоа е нешто на што гостите ќе се сеќаваат и ќе го коментираат.
Затоа дозволете за Вашата свадбена торта да се погрижат вистински професионалци со над 25 години искуство и над 3 000 000 направени торти. Побарајте понуда од тимот на Слаткарница Зафир и бидете сигурни дека вашата торта ќе се памети и по изглед и по вкус!
Зошто е толку важна свадбената торта?

ПОБАРАЈ ПОНУДА ЗА ТОРТА